Русија итно се огласи по американскиот напад врз Хутите во Јемен

од Stefanija Kuzmanovska
231 прегледи

Русија денеска објави дека побарала итна седница на Советот за безбедност на ОН на која ќе се разговара за воените напади на САД и Велика Британија врз цели на Хутите во Јемен.

Средбата треба да се одржи во петок по состанокот за решение за блискоисточната криза.

Да потсетиме, американската војска и нејзините сојузници извршија напади врз повеќе од 60 цели на 16 локации што ги користат бунтовниците Хути во Јемен, потврдија денеска американските воздухопловни сили.

Целите вклучуваат командни и контролни центри, складишта за муниција, системи за лансирање, производствени капацитети и противвоздушни радарски системи, се вели во соопштението на американското воено воздухопловство.

Во нападите се користени повеќе од 100 прецизно наведувани проектили, јавува Би-Би-Си.

„Остануваме посветени на нашите клучни партнери на Блискиот Исток во одбраната од милитантните групи поддржани од Иран, вклучително и екстремистите Хути и заканата што тие ја претставуваат за регионалната безбедност и стабилност“, изјави командантот на американските воздухопловни сили Алекс Гринкевич.

Слични содржини