Русија: Издаден налог за апсење на Навални

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални ќе биде во притвор во Русија се додека судот не донесе одлука да размисли за замена на условната казна со затворска казна, објави Московската федерална казнено-поправна служба.

„Федералната казнено-поправна служба во Москва е должна да ги преземе сите мерки за притвор на сторителот Алексеј Навални се додека судот не донесе одлука за замена на условната казна со затворска казна“, се вели во соопштението.

Како што се наведува, Федералната служба не ја знае вистинската локација на рускиот опозиционер од 24 септември, а на 29 декември „осудениот Навални беше ставен на потерница со наредба да се преземат мерки за негово апсење“.

Неговото апсење беше планирано земајќи ги предвид „фактите за злонамерно кршење на режимот на условен притвор“ и „следејќи го принципот на неизбежна одговорност и барањата на законот, подеднакво за сите руски граѓани без исклучок“.

Според Федералната служба, во текот на изминатата година, Навални „систематски и постојано ги кршеше условите на условната казна и не одговараше на поканата најмалку шест пати“.

„Алексеј Навални доби официјални предупредувања за секоја повреда во врска со можноста за укинување на условната казна и замена со затворска казна“, се наведува во соопштението.

Рускиот блогер моментално е во Германија. Претходно рече дека планира да се врати во Русија на 17 јануари.

Да потсетиме, Навални има две условни казни од по пет години во случаите „Кировлес“ и „Ив Роше“. Првиот случај е поврзан со проневера на повеќе од 16 милиони рубли, а вториот со проневера на повеќе од 30 милиони рубли.

Слични содржини