Русија ја нападна околината на Киев: Се слуша звук, а потоа и детонација (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку едно лице е рането во напади на беспилотно летало од иранско производство врз градот Бела Црква, на околу 100 километри јужно од Киев, изјави денеска регионалниот гувернер.

Ова е прв напад од дрон од типот shahed-136 во оваа област.

„Во текот на ноќта, непријателот изврши напади со беспилотни летала shahed-136 врз Бела Црква“, навел гувернерот Олексиј Кулеба на Телеграм.

На видеото се слуша звук, а потоа и детонација!

Тој соопшти дека едно лице е рането и дека во тие напади била оштетена инфраструктура.

Слични содржини