Русија ја тестира Спутник V на деца на возраст од 12 до 17 години

од Nikola Popovski

Градските власти во Москва денес објавија дека започна тестирањето на вакцината Спутник V против коронавирусот врз деца на возраст од 12 до 17 години.

Заменик-градоначалничката Анастасија Ракова рече дека биле ангажирани 100 доброволци, кои не биле заразени со вирусот и немаат здравствени проблеми што би спречиле да бидат вакцинирани.

Ракова соопшти дека децата ќе добијат помала доза на вакцина во споредба со возрасните, пренесува АП.

Русија се соочува со зголемување на бројот на заразени лица, а 23 милиони луѓе ја примиле првата доза на вакцина, што е нешто повеќе од 15% од популацијата. Минатиот месец, бројот на нови случаи со вирусот е двојно зголемен, од 9 000 на ден во почетокот на јуни на 24 000 оваа недела.

Според официјалните податоци, денес се регистрирани повеќе од 24.000 нови случаи, а во последните 24 часа од ковид-19 починале 654 лица.

Слични содржини