Русија: Немаме дозвола да го истражуваме истекувањето од Северен тек 1 и 2

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека на руските бродови им е потребна дозвола за да започнат истрага за причините за истекувањето на гасот од гасоводите Северен тек 1 и 2.

Новак не прецизираше кој треба да ја издаде дозволата, пренесува „Ројтерс“.

Русија вчера објави дека испратила жалба до дипломатите на Германија, Данска и Шведска бидејќи претставници на Москва и „Газпром“ не биле повикани да се приклучат во истрагата за истекувањето од гасоводот кој води од Русија до Европа.

Слични содржини