Русија поднесе кандидатура за членство во Советот на ОН за човекови права за периодот меѓу 2021 и 2023 година, неколку часа по повлекувањето на САД од советот, објавена руските медиуми, цитирајќи постојаната мисија на Русија во ОН.

“Русија ќе продолжи so  ефективната работа во Советот за човекови права за одржување на еднаков дијалог и соработка во областа на правата на човекот. За оваа причина Русија предложи кандидатура за членство во Советот за човекови права за периодот 2021-2023 година” , посочи првиот секретар на мисијата на Русија во ОН Фјодор Стржижовски.

Претходно американскиот амбасадор во ОН Ники Хејли објави повлекувањето на САД од советот, обвинувајќи go органот на ОН дека е “бранител на злоупотребите на човековите права  од политички предрасуди”.

САД го напуштија Советот за човекови права на Обединетите нации