Русија се повлекува од Советот на држави на Балтичкото Море

од Stefanija Kuzmanovska

Русија ги известила членките на Советот на балтичките држави дека се повлекува од таа меѓувладина организација, соопшти руското МНР.

Министерството наведува дека ваквата одлука е донесена како одговор на „непријателските акции“, пренесува „РИА Новости“.

Министерството забележува дека повлекувањето од Советот на државите од Балтичкото Море нема да влијае на присуството на Русија во регионот и вели дека „обидите за исфрлање на Русија од Балтикот се осудени на пропаст“.

Слични содржини