Русинките фрлаа градници на концертот на Џони Деп во Москва

од desk2
99 прегледи

За време на посетата на Русија каде пристигна како дел од светската турнеја со бендот “Холивуд вемпаерс“, актерот Џони Деп изјави дека ги сака жените од Русија.

А жените од Русија покажаа колку го сакаат Џони Деп на првиот концерт во Москва кога фрлаа градници на сцената за нивниот миленик. Деп делуваше пријатно изненаден и зеде еден од градниците и продолжи да свири на гитара држејќи го во рака.

https://instagram.com/p/BjVku_XHeAk/?utm_source=ig_embed

Деп рече дека Русинките имаат посебни карактеристики и призна дека го привлекува нивниот „словенски изглед“.

Холивудскиот актер кој од списанието „People“ ја доби титулата најсекси маж на светот, рече дека Русинките во очите носат „илјада години култура“, изглед кој, како што вели тој, мора да ви се допадне.

За време на престојот во Русија, Деп прошета низ центарот на Москва, ја посети спомен куќата и музеј на авангардниот руски поет Владимир Мајаковски и се фотографираше со статуата на Јосиф Сталин на Црвениот плоштад, објави „Спутник“.

Бендот „Холивуд вемпаерс“ во кој Деп свири со пејачот Алис Купер и гитаристот од „Аеросмит“ Џо Пери, ќе одржи концерт и во Санкт Петербург како дел од турнејата.

Актерот, на кого ова не му е прва посета на Русија, рече дека Москва се сменила и дека многу почнува да наликува на Париз.