Русите на интернет продаваат хамбургери и сосови од Мекдоналдс, цени до 400 евра

од Nikola Popovski

Русите продаваат храна и додатоци од синџирот на храна Мекдоналдс преку интернет, откако компанијата објави дека ја напушта Русија.

На една руска страница за онлајн продажба, можете да најдете бројни производи од Мекдоналдс, од целото мени до сосови, па дури и шеќер.

„Продавам ретка амбалажа од појадок од Мекдоналдс. Неверојатната амбалажа ќе ги стопли вашите срца од старите денови“, напишал еден огласувач, а цената е околу 5.000 рубљи, што е приближно повеќе од 38 евра.

„Продавам легендарен пакет од Медоналдс, нема да ги има повеќе од овие, последна е шанса да го продадам по добра цена“, напишал друг со фотографија од менито од Мекдоналдс кого го продава по цена од 60 евра. Некои продаваат чизбургери, пилешки хамбургери, Биг Мек, грутки…

„Биг Мек 2 парчиња, чизбургер 2 парчиња, хамбургер 2 парчиња, хамбургер 2 парчиња, пилешки мекнагетс 9 парчиња, сос од сирење 2 парчиња. Произведено на 9 март 2022 година. Неотвореното пакување го испраќам по курир. Се уште топло!”, стои на огласот. Цена? 50.000 рубљи или околу 384 евра.

Русите во моментов можат да купат кесичка шеќер од Мекдоналдс по цена од 1.000 рубљи, околу 7 евра, пита со вишни за 33 евра, а големи пакувања познати сосови за околу 5 евра.

-Оригинален хамбургер од Мекдоналдс. Купен во 12:45 со вклучена сметка. Ќе го јадам вечерва, побрзајте”, напишал еден Русин со фотографија од хамбургерот кој се обидува да го продаде за 230 евра.

Инаку, на социјалните мрежи се проширија снимки на кои се гледаат колони од автомобили кои наводно се создадени откако се прошири веста дека Мекдоналдс ги затвора рестораните во Русија.

Компанијата вчера објави дека привремено ги затвора сите 847 ресторани во Русија како одговор на рускиот напад врз Украина. Извршниот директор Крис Кемпчински рече дека синџирот ќе го паузира бизнисот во Русија, но дека ќе продолжи да ги плаќа руските работници, а непрофитната организација „Ronald McDonald House Charities“ ќе продолжи да работи.

Слични содржини