Русите подготвуваат супер вакцина која ќе ги „уништи“ двата вируси

од Берта Китинска

Руски научници први развија вакцина против ковид, а во моментов работат на уште помоќна што ќе обезбеди заштита и од корона и од грип.

Рускиот државен научен центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“ работи на вакцина која истовремено ќе ги заштити луѓето од корона и грип.

„Проектот на унифицирана вакцина против вирусот корона и сезонскиот грип е она на што работиме“, потврди директорот на „Вектор“, Ринат Максјутов, на состанокот на дебатниот клуб „Валдај“. Комбинацијата на грип и коронавирус е многу опасна.

Неодамна, научниците од Универзитетот во Ливерпул откриле дека ако некое лице се разболи прво од една болест, а потоа од друга, ризикот од смрт е шест пати поголем.Во моментот, во Русија во тек е интензивна вакцинација против грип.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека масовната вакцинација против корона во руската престолнина ќе започне во периодот декември-јануари.

Станува збор за вакцината „Спутник пет“, која е во третата и последна фаза на тестирање и засега покажува добри резултати. Русите имаат уште една вакцина против ковид 19, која е во втора фаза на тестирање, а ја произведува „Вектор“.

Слични содржини