Руска амбасада: Гани избега со возила полни со пари

од Stefanija Kuzmanovska

Руската амбасада во Кабул денеска објави дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани избегал од земјата со четири автомобили и хеликоптер полн со пари и морал да остави дел од готовината бидејќи сѐ не можело да се смести во возилата.

Гани, чија сегашна локација не е позната, вчера го напушти Авганистан по влегувањето на Талибанците. Тој рече дека сака да избегне крвопролевање.

Русија изјави дека ќе одржува дипломатска мисија во Кабул и изрази надеж дека ќе ги развие односите со Талибанците.

– Што се однесува до падот на режимот во заминување, тој се карактеризира со начинот на кој Гани избега од Авганистан. Четири автомобили полни со пари, се обидоа да втурнат дел од парите во хеликоптерот, но безуспешно. Дел од парите останаа на пистата – изјави портпаролот на руската амбасада во Кабул, Никита Ишченко.

Тој ги наведе изјавите на очевидци како извор за информации.

Слични содржини