📸Руската државна телевизија ги згрози Американците откако објави фотографии од Меланија Трамп гола

од Vladimir Zorba
634 прегледи

Американците се и згрозени и лути откако руската државна ТВ мрежа и честиташе на Меланија Трамп за реизборот на нејзиниот сопруг Доналд за претседател на САД, прикажувајќи ги нејзините разголени фотографии на директен пренос. Информации за овој скандалозен потег на моќната ТВ мрежа, првпат е објавено на X (поранешен Twitter).

Во емисијата „60 минути“ на каналот Русија-1, инаку најгледаните во земјава, водителите Евгениј Попов и Олга Скабеева зборуваа за реизборот на Трамп и на екранот покажаа бројни фотографии од времето кога Меланија беше модел. Меѓу нив имало и фотографии на кои таа е гола, кои биле направени за приказна за неа, профил објавен во 2000 година во магазинот GQ. Таа и Трамп во тоа време веќе беа во врска.

Џулија Дејвис, која ја основа руската група за мониторинг на медиумите „Русија медиа монитор“, објави видео од шоуто со натпис: „Еве како најгледаниот државен телевизиски канал во земјата го поздрави неодамнешното враќање на Меланија Трамп во Белата куќа. Олга Скабеева се обидува да остане сериозна“. Оттогаш, нејзината објава е отстранета, но не пред некои други корисници на Твитер да ја споделат и да се рашири низ мрежата.

Луѓето на Трамп, кои беа контактирани од бројни медиуми за коментар, како и претставници на Skyhorse Publishing, издавачката куќа на Меланија, сè уште не коментираат.

Во коментарите на социјалните мрежи, корисниците пишуваат дека „Путин ја покажува својата надмоќ над Трамп, а со тоа и над целата (наша) земја“ и дека рускиот претседател „не покажува суптилно кој е шеф“.

За време на шоуто, Олга Скабејева очигледно ја задржала смеата бидејќи ко-водителот (и нејзиниот сопруг) Попов рече: „Сега кога сопругот на Меланија конечно победи, таа се подготвува да се врати во Белата куќа. А еве како изгледала Меланија во 2000 година. Ова е насловната страница на списанието GQ Идната прва дама лежи на крзно во неглиже. Снимена е покрај и во приватен авион (за кој британски The Sun тврди дека е поранешниот Боинг 727 на Трамп). На една од фотографиите носи само долна облека, а лежи на син тепих со американскиот грб, како уредниците на тоа машко списание да знаеле нешто за иднината на нивниот модел“.

Репортажата за Меланија заврши со музика и серија фотографии, и глас кој вели: „Што навистина значи „моето тело, мојот избор“?“. Тоа е алузија на промотивното видео што првата дама го објави на X во септември, пред објавувањето на нејзината автобиографија, „Меланија“.

Меланија Кнаус ја започнала својата кариера како тинејџерка откако била откриена од словенечки фотограф кога имала 16 години и потпишала договор со италијанска агенција. Работела во Париз, Милано и Њујорк до средината на 2000-тите, кога го запознала Доналд Трамп, со кого се омажила во 2005 година.

Фотографиите од GQ веќе кружеа низ медиумите и на Интернет кога Доналд Трамп првпат стана претседател на САД. Уште порано, за време на претседателските избори на Републиканската партија, се појави дигитална реклама во која беа користени фотографии со зборовите: „Запознајте ја Меланија Трамп. Вашата следна прва дама. Или, можете да го поддржите Тед Круз“. Круз, противкандидатот на Трамп, негираше каква било поврзаност со рекламата.

Тогаш уредникот на списанието, Дилан Џонс, изјави дека во 2000 година имале многу барања да го направат профилот на Меланија.

– Очигледно беше за и на крајот дојдовме до прилично кичеста и камп приказна преку која ќе ја претставиме. – рече тој и додаде дека Трамп побарал да му бидат испратени фотографии во канцеларијата.

– Ја врамивме корицата и одреден број фотографии и ги испративме најбрзо што можевме – изјави Џонс.

Меланија Трамп постојано зборуваше за својата работа и ги бранеше нејзините ангажмани, вклучувајќи голи фотографии. Последен пат за тоа зборуваше кога објави видео на X во септември, еден вид тизер за нејзината биографија, која беше објавена во октомври.

„Зошто гордо стојам зад мојата манекенска работа?“, праша таа во видеото, „Поважното прашање е зошто медиумите ме навлекоа поради мојот начин на славење на човечкото тело во моднa сесија? Дали веќе не сме може да ја цени убавината на човечкото тело?”.

Таа зборуваше за уметници кои низ историјата ја славеле убавината на човечкото тело и додаде: „Треба да ги славиме нашите тела и да ја прифатиме безвременската традиција на користење на уметноста како моќно средство за самоизразување“.

Слични содржини