Руската православна црква се заканува со акции на одмазда кон Вселенската патријаршија

од desk2
156 прегледи

Руската православна црква ја осуди одлуката на Вселенската патријаршија за испраќањето двајца пратеници во Украина. Според нив, тоа е чекор кон прогласување автокефалност за тамошната црква.


Руската црква во соопштение исто така се заканува дека ќе преземе „акции за одмазда“ на прецизирајќи за што се работи.

Руската црква инсистира православие во Украина под нејзин авторитет, но многу украински парохии отфрлаат надлежност на Московската патријаршија и формираа одвоена црква која сака да биде призната како автокефална верска институција.

Вселенската патријаршија вчера испратила двајца епископи во „рамки на подготовки за доделување автокефалност на православната црква во Украина“.