Руски бизнисмен сака да вработи личен ловец на покемони

од Vladimir Zorba

Руска компанија пушти оглас за работа, со која сака да вработи личен ловец на Покемони кој ќе ги “собере” суштествата наместо неговиот зафатен извршен директор. 4974361Компанијата во услужниот сектор бара вешт ловец кој ќе ја обиколува Москва и ќе “собира” Покемони, пишува весникот Sputnik. Според медиумот досега за работата се пријавиле околу 500 лица.

“Нашиот извршен директор стана страстен ловец на Покемон, но нема доволно време за тоа. Потребен ни е човек кој ќе постигне неспоредливи резултати во оваа игра против фер плати “, се вели во огласот. Вработен ловец ќе го користи личниот телефон на извршниот директор, за да игра Pokémon Go и да го обиколува градот во потрага по освојувања.

Иако е примамлива и релативно лесна задача, не секој сака може да се кандидира за функцијата. Како и кај повеќето други огласите за работа и тука е потребно стекнато искуство. Новоназначениот вработен треба да е искусен играч, што значи да стигнал барем фо ниво 20 и да е подготвен да ги извршува своите должности, независно од временските услови.

Слични содржини