Руски државен авион долетал во Белград преку Бугарија

од Nikola Popovski

Рускиот авион Иљушин-Ил-96-300, на специјален лет од Сочи, во неделата наутро полетал за Белград преку Бугарија, иако таа земја официјално го затвори својот воздушен простор за руските авиони во февруари.

Според податоците објавени на веб-страницата „flightradar24.com“, авионот полетал од Сочи околу 8 часот наутро, а слетал на белградскиот аеродром околу 9:30 часот. Во делот „авиокомпанија“ на оваа специјализирана страница која ги следи летовите низ светот стои „Rossiya – Special Flight Squadron“, која е ознака за руските државни авиони, пишува N1.

Нема информации за овој лет на веб-страницата на аеродромот Никола Тесла каде слетал рускиот авион. Од друга страна, љубителите на авијацијата на Инстаграм објавија фотографии од овој авион на пистата на белградскиот аеродром.

Според податоците достапни на интернет, вакви летови веќе се реализирани од почетокот на војната во Украина со цел во Русија да се вратат руските дипломати кои во земјите каде што служеле биле прогласени за персона нон грата.

Веб-страницата „flightradar24.com“ покажува дека истиот авион на 17 април летал од Москва до Копенхаген, Данска, но потоа ги прелетал земјите кои забраниле летови со руски авиони.

Слични содржини