Руски фонд: Повеќе од 20 милиони луѓе ја примија Спутник V

од Nikola Popovski

Повеќе од 20 милиони луѓе во светот ја примиле руската вакцина Спутник V против коронавирусот, објави рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ). Вакцината Спутник V е одобрена во повеќе од 60 земји, кои заедно имаат 3,2 милијарди жители, објави РДИФ.

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека предлогот фармацевтските компании да се откажат од правата на патенти за вакцините против Ковид-19 е идеја што вреди да се разгледа и дека тој е отворен за тоа, пренесе „Интерфакс“.

„Пандемијата е вонредна состојба“, рече тој.

Путин додава дека Русија произведе „лајт“ верзија на Спутник V, која сега е достапна во земјата. Таа верзија се дава само во една доза и е скоро 80 ​​проценти ефективна, наведува РДИФ.

Полесната верзија на вакцината делува побрзо, но нејзината заштита трае пократко.

Русија сега има четири вакцини против Ковид-19 и произведе 31,9 милиони дози.

Слични содржини