Руски хакери го нападнале БиБиСи и британски владини сајтови

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Тајните служби успеале да ги запрат

hakeri

Руски хакери се обиделе да напаѓаат сајтови на владата и на телевизиски компании во Велика Британија, пишува БиБиСи. Нападите биле извршени непосредно пред парламентарните избори во 2015 година, но информациите се огласуваат дури сега.Наводно, Центарот за владини врски GCHQ успеале да неутрализираат дејствувањето на хакерите. Се смета дека нападите биле организирани од групата Fancy Bears, за која се верува дека е поврзана со руските тајни служби.

Цел на хакер група биле и сајтовите на британските телевизиски канали ББС, ITV, Channel 4, Sky.

Од британските тајни служби посочуваат дека успеале да им парираат на  хакерските активности, бидејќи внимателно  проучувале како е извршен пробивот во сајтот на францускиот телевизиски канал TV5Monde во април 2015 година

Тогаш хакери успеале да го запрат емитувањето на програмата му што беше накратко по 18 часа. Дотогаш на екранот се гледало само знамето на ДАЕШ.