Руски научник за прекинот во тестирањето на оксфордската вакцина: Правилна одлука, компликациите се многу сериозни

од Nikola Popovski

Рускиот центар „Гамалеј“ ја смета за точна одлуката за прекин на тестирањето на оксфордската вакцина против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“, бидејќи компликациите кај волонтерите биле многу сериозни, изјави водечкиот експерт на институтот Фјодор Лисицин.

„Иако од гледна точка на науката, ветува долгорочно користење на аденовирусен вектор и кај шимпанзата и другите, во овој момент сè е недоволно проучено. Затоа, правилно е што тие престанаа со тестирање, компликациите се сериозни“, вели Лисицин во интервју за „Русија 24“.

Тој нагласи дека еден волонтер на кого е испитана вакцината има многу сериозни компликации – проблем со мускулна атрофија, миопатија што се случи на местото каде што се прима инекцијата

„Ова многу ги вознемири сите истражувачи кои работеле на вакцината“, нагласил рускиот експерт.

Вакцината на британско-шведската компанија „Астра Зенека“, која ја развиваат заедно со научниците од Оксфорд, помина во третата фаза на тестирање во август. Компанијата развива вакцина заснована на аденовирусни вектори на мајмуни. Претходно, медиумите објавија дека клиничките испитувања на вакцината на компанијата „Астра Зенека“ се прекинати поради можен несакан ефект што се случил кај еден од учесниците на тестирањето во Велика Британија.

Слични содржини