Руски пранкери ја измамиле директорката на ЕЦБ: Санкциите не „гризат“ како што се очекуваше

од Stefanija Kuzmanovska

Директорката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, во разговор со руските пранкери Владимир Кузњецов (Вован) и Алексеј Столјаров (Лексус), кои се претставиле како украинскиот лидер Владимир Зеленски, рече дека санкциите против Русија не „гризат“ како што се очекуваше, бидејќи Русија сепак успева да обезбеди прилив на девизи.

Според неа, проблемот со цените на енергенсите, како што таа гледа, е што Москва сè уште успева да продаде многу енергија, било да е нафта или гас, на други земји, освен на оние кои ѝ воведоа санкции и, се разбира, надвор од границите на Европската унија.

„Кога тие продаваат енергенти на Индија, Кина, Далечниот Исток, успеваат да обезбедат прилив на девизи. Не знам дали добиваат јуани, рубљи или друга валута, но дефинитивно успеваат да извозуваат и да обезбедат прилив на пари“, нагласила Лагард.

Дополнително, директорката истакнала дека шефицата на Централната банка на Русија, Елвира Набиулина, завршила одлична работа со цел да се спречи високата инфлација поради антируските санкции.

Поради руската специјална операција во Украина, Западот го зголеми притисокот на санкциите врз Москва, што доведе до пораст на цените на струјата, горивото и прехранбените производи во Европа и во Соединетите Американски Држави.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека евтините и сигурни руски извори на енергија се конкурентна предност за Европа, а дури и делумното напуштање од нив веќе има негативен ефект врз нејзината економија и жителите.

Слични содржини