Руски пранкери го измамиле претседателот на Европскиот парламент: Се претставиле како Тихановскаја (аудио)

од Nikola Popovski

Руски пранкери му се јавиле претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, преправајќи се дека се поранешната белоруска претседателска кандидатка, Светлана Тихановскаја и претседателот на Литванија, Гитанас Науседа.

Аудио-снимката од разговорот била објавена на Јутјуб од пранкерот Алексеј Стољаров, познат како Лексус.

Улогата на Тихановска ја играла девојка-пранкерка. Во разговорот, Сасоли изјавил дека Европскиот парламент е многу загрижен за состојбата во Белорусија, а исто така ја прашал опозиционерката како се чувствува. Покрај тоа, тој ја поканил Тихановскаја да дојде во Европскиот парламент и ветил дека ќе разговара за можноста за посета со претседателот на комитетот за надворешна политика, Дејвид Меккалистер.

„Следната седница ќе ја имаме на почетокот на октомври и тоа ќе биде добра причина да не посетите… Јас можам да ја организирам вашата посета со него…Можеме да разговараме за таа посета, да организираме прес-конференција или нешто слично. За неколку дена, ќе се сретнам со г. Мекалистер и заедно ќе размислиме кој може да ви помогне да работите на тоа како да влијаете на јавното мислење и на земјата. Мислам дека тоа е најдобро засега “, изјавил, меѓу другото, Сасоли.

Во име на Тихановскаја, пранкерите прашале дали Европскиот парламент има намера да воведе санкции за Белорусија и кои.

Како одговор, Сасоли повторно ја поканил белоруската опозиционерка на состанок во почетокот на октомври.

Претставувајќи се како Науседа, пранкерот му рекол на Сасоли дека наводно успеале да воспостават неофицијална врска со белорускиот премиер Роман Головченко и дека многумина во владата и парламентот ја поддржуваат Тихановскаја и чекаат „погоден момент кога позицијата на Лукашенко конечно ќе ослабне“. Сасоли ја нарекол оваа „многу интересна информација“.

Подоцна, пранкерот Владимир Кузнецов, познат како Вован, за Спутник изјавил дека идејата да се измами шефот на Европскиот парламент се појавила по објавувањето на пакетот европски санкции против Белорусија, кој се подготвува.

Слични содржини