Рускоска: Мобилниот на Катица е одземен за да ја видиме комуникацијата со првоосмничениот

од Марта Пешевска
152 прегледи

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска ноќеска  по распитот рече дека на двајцата осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милевски им бил одреден притвор од 30 дена и поради опасност од бегство. Боки 13 беше уапсен на граничниот премин Богородица и Обвинителството се сомнева дека се обидел да избега.

Русковска рече дека вечерва биле извршени претреси во домот и канцеларијата на Боки 13, и дека е одземен мобилен телефон од еден јавен обвинител.

„Мобилниот телефон е одземен за да ја видиме комуникацијата меѓу јавниот обвинител и првосомничениот.Не е вршен претрес ниту кај друг јавен обвинител и засега нема зошто да бидат изведени пред судија. Постапката е отворена за да се види кој се е инволвиран во целиот настан“ рече Руксовска.

Таа  исто така рече дека поседуваат и аудио и видео докази за осомничените. Обележани пари нема, но има други спец мерки.

Таа се надева дека истрагата ќе продолжи и дека имало и други сведоци.

Додека Русковска ја даваше изјавата, од Судот излезе Бојан Јовановски кој на обвинителката и рече :„Извинете што ве прекинувам додека кажувате лаги“.

На Бојан Јовановски вечерва му беше одреден 30 дневен притвор.

Во истрагата која се води за протизаконско влијание и перење на пари се води и финансиска истрага за сите осомничени,со цел доказ за поседување на имотот . До колку немаат доказ како го стекнале,  ј го поседуваат а не можат да докажат од каде им е, обвинителствотоќе покрене обвинителен акт ќе бара одземање на тој имот од сите осомничени.