Русковска: Пријавите од Милошоски за аферата „Рекет“ ќе бидат отфрлени

од Берта Китинска

Директорка на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова, не е единствениот во кој пред органите на прогонот е актуелен функционер, вели Вилма Русковска, во интервју за „360 степени“

Русковска рече дека постапуваат и по други пријави кои се однесуваат на актуелни, но и поранешни функционери.

„Имаме обвинение против поранешен потпретседател на Собрание редовите на, и тогаш и сега, владејачката партија. Пред обвинение е исто и државен секретар. Како добиваме пријави или материјални докази, без разлика дали се работи за сегашни или поранешни функционери, ние постапуваме“, рече Русковска.

Обвинителката водено спомена дека ќе ги отфрли пријавите поднесени од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во кои тој тврдеше дека има докази за вмешаност на премиерот Зоран Заев во аферата „Рекет“.

„Сѐ беше дадено на вештачење, диктафон и телефон…беше дадено во компјутерска форензика, во рамки на МВР. Тоа е екстрахирање на податоци, на кратко го викаме – вештачење, се работи за екстрахирање на податоци и потоа се анализираа тие екстрахирани податоци, при што, немаме сѐ уште официјална одлука и таа ќе биде објавена. Од она што успеав да го прочитам е дека се работи за повеќе разговори кои се…, на пример прекинат, па потоа друг разговор е продолжението…така што ќе се донесе резолуција за отфрлање на тие пријави“, вели Русковска.

 

Слични содржини