Русопулос: ПССЕ ќе продолжи да ја поддржува С. Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат

Русопулос рече дека Балканот познава повеќе историја од било кој друг, но и произведува повеќе мудрост.

од Vladimir Zorba
22 прегледи Фото: Принтскрин/МРТ

Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос од собраниската говорница во македонското Собрание денеска изјави дека Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ја поддржува и ќе продолжи да ја поддржува С. Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат.

Русопулос рече дека Балканот познава повеќе историја од било кој друг, но и произведува повеќе мудрост.

– Балканот покажа дека сеќавањата на болка можат да бидат дисциплина за мирот и дека соживотот може да се научи, дека европската единственост не е подарок од географијата, туку избор на волја, посочи Русополис.

Истакна дека во изминатите 30 години членство во Советот на Европа, земјава покажала дека моралната зрелост не се мери по големина, туку по „капацитетот да се слуша, да се почитува и да се прифаќа“.