13
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека зајакнувањето на врските меѓу Русија и Северна Кореја не е само закана за европската безбедност, туку и за Соединетите Американски Држави.
„Русија и доставува најнова технологија на Северна Кореја во замена за нивната помош во војната против Украина и тоа е закана не само за европскиот дел на НАТО, туку и за САД“, изјави Руте за новинарите пред средбата со европските лидери во Будимпешта, објави тој.
Тој нагласи и дека со нетрпение ја очекува средбата со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, на која ќе разговараат како заеднички да се соочат со оваа „закана“.