Ружин: Спорот со Бугарија ќе спласне после изборите

од Nikola Popovski

„Приказната е многу подлабока од обичен спор со Бугарија. Ние се уште не знаеме дали таа работи по сопствена желба или има некој друг што ги мотивира, бидејќи како што знаеме има голем број на евроскептици и во самата ЕУ“, изјави поранешниот амбасадор Нано Ружин за емисијата „Еуро фокус“.

Според него, ништо не не изнеадува, ниту една навреда.

„Може да се направи анализа дека се работи за спор кој што влегува во нивната изборна кампања. Сметам дека спорот ќе спласне по изворит и дека ќе се отвори поинаква перспектива, доколку Борисов остане мандатор. Мислам дека ќе биде полесно да се справат со овој проблем, отколку некои политички партии од екстремната десница“, вели Ружин.

Слични содржини