С. Арабија го отфрли извештајот на ЦИА: Негираат вмешаност во убиството на новинарот Кашоги

од Nikola Popovski

Саудиска Арабија го отфрли извештајот на американското разузнавање за убиството на новинарот Џамал Кагоши.

„Извештајот содржи неточни заклучоци за раководството на Кралството и како таков не може да се прифати“, соопштиле од саудиското Министерство за надворешни работи.

За потсетување, извештајот на американското разузнавање беше објавен денес:

„Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман одобрил операција во Истанбул, Турција за фаќање и убиство на саудискиот новинар Џамал Кагоши“, објавија од ЦИА.

Слични содржини