Ливерпул вечера ќе мора да направи чудо ако сака да се врати од заостанувањето од три погодоци и во реваншот од полуфиналето на ЛШ на Енфилд да ја победи Барелона за пласман во финалето.

Навивачите на „црвените“ дадоа сѐ од себе да им помогнат да им го срушат духот на противничките играчи или барем да ги остават без сон и одмор.
На првиот натпревар на Камп Ноу Барса го победи Ливерпул со 3:0, што ја прави денешната средба еден вид „невозможна мисија“ за црвените.
Дополнително отежнување е фактот дека нема да играат Роберт Фирмино и Мохамед Салах, но навивачите не губат надеж.
https://twitter.com/AwayDaysVideos/status/1125725783199232000
Тие веруваат само во своите миленици и решија да им „помогнат“ така што ќе ги вознемируваат играчите на Барселона. Тие направија бучен и впечатлив огномет пред хотелот каде што се сместени противничките играчи.
Ваков потег направија и минатиот месец кога кај нив стигна екипата на Јувентус за првиот натпревар од четвртфиналето на елитниот шампионат.
Локалните медиуми пишуваат дека Каталонците најверојатно останале без сон, со оглед на тоа дека огнометот траел од 2 до 4:30 наутро.