С. Македонија, Србија, Црна Гора, и Турција ја зајакнуваат соработката во цивилното воздухопловство

од Stefanija Kuzmanovska
235 прегледи

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, денеска по потпишувањето на Меморандумот за разбирање и меѓусебната соработка меѓу цивилните воздухопловни власти на Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Турција, изјави дека поблиската регионална соработка ќе овозможи заеднички настап пред меѓународните органи.

„Нашиот глас и нашите барања ќе бидат сфатени посериозно“, рече Весиќ.

Тој ја нагласи важноста од зајакнување на севкупната, па и регионалната соработка во овој момент и додаде дека потпишувањето може да се гледа и како дел од иницијативата Отворен Балкан, која е отворена за сите.

„Секоја соработка, особено економската, научивме од ЕУ, е клучот за решавање на сите други политички проблеми“, рече Весиќ.

Весиќ оцени дека Меморандумот ќе овозможи заедничко учество во меѓународните организации.

Слични содржини