С. Македонија ќе добие природен гас преку Грција

од Nikola Popovski
449 прегледи

Македонија ќе има нова траса за пристап до природен гас, преку Грција. Денес во Атина, двете земји потпишаа договор за започнување на изградба на гасна интерконекција.

Трасата на гасоводот на грчка територија е 54 км, поточно од Солун до граничниот пункт со Северна Македонија, Евзони.

Планираниот капацитет е доволно голем за да се постигне целосна гасификација на С. Македонија, рече министерот за економија, Крешник Бектеши, со што земјава добива алтернатива на снабдувањето со природен гас.

Енергетската врска Солун-Скопје има потенцијал за проток на природен гас од транс-јадранскиот гасовод ТАП, како и од терминалите за течен гас во близина на Александрополис и островот Ревитуза, рече грчкиот министер за енергетика Костас Скрекас.

Изградбата и работата на грчка територија ги презема операторот за гас ДЕСФА со финансирање од Европската унија.

Слични содржини