С. Македонија на шесто место во Европа по бројот на новозаразени со Ковид-19

од Берта Китинска

Во претходните седум дена, Северна Македонија е рангирана на шестото место во Европа по бројот на новозаразени од Ковид-19 на 100.000 жители.

Грузија е на прво место, Косово на второ место, додека Црна Гора е на третото место во Европа. Од регионот, Србија е 23 -та, а Хрватска 41 -ва од вкупно 52 европски земји.

Целосната вакцинација е клучна мерка за заштита од развој на тешка форма на КОВИД-19, вклучително и болест предизвикана од делта варијанта на коронавирус, објави Европската агенција за лекови (ЕМА) и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) како дел од дополнителните препораки за превенција од вирусот.

Вчера во Македонија се направени 6.256 тестирањa, а регистрирани се 1.158 нови случаи на КОВИД-19.

Поголемиот број од заразените доаѓаат од Скопје, Тетово и Гостивар.

Досега во земјата се направени вкупно 1.086.075 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 165.684, бројката на оздравени пациенти е 151.401, на починати е 5.608, а бројот на активни случаи изнесува 8.675.

Слични содржини