Соединетите Американски Држави бараат одговорност за смртта на Иранката во полициски притвор во Техеран, изјави претставник на националната безбедност на Белата куќа.
– Смртта на Масха Амини по повредите со кои се здобила додека била во полиција поради носење „несоодветен“ хиџаб е страшно кршење на човековите права – се наведува во соопштението.
– Жените во Иран треба да имаат право да носат што сакаат, без насилство и вознемирување. Иран мора да стави крај на насилството врз жените кои ги практикуваат своите основни слободи – рече претставникот на Белата куќа и додаде:
– Мора да има одговорност за смртта на Масха.
Масха Амини, 22-годишна девојка од иранската провинција Курдистан, падна во кома и почина откако беше уапсена од полицијата за морал во Техеран минатата недела, што предизвика демонстрации во неколку области, вклучувајќи го и главниот град, пренесува „Ројтерс“.