266
Плановите на САД за повеќедневни напади во Ирак и Сирија се одобрени против повеќе цели, вклучително и ирански персонал и објекти, пишува Си-Би-Ес Њуз, цитирајќи американски официјални претставници.
Официјални лица велат дека времето на напади во голема мера ќе биде одредено од временските услови.
„Вашингтон сака чисто небо за да се погрижи случајно да не погоди цивили додека ги напаѓа целите“, пренесува Си-Би-Ес.
Нападите се наменети да одговорат на нападот со беспилотни летала во текот на викендот од страна на група поддржана од Иран, при што загинаа тројца американски војници во Јордан, што е прв смртоносен напад по голем број напади врз американските војници стационирани во Сирија и Ирак.