Стејт департментот на САД ги предупреди американските граѓани да не патуваат во Србија поради лошата епидемиолошка состојба со коронавирусот, но и да бидат особено внимателни поради криминалот доколку се во таа земја.
Стејт департментот ги предупреди граѓаните да не патуваат во Србија и осум други дестинации поради коронавирусот, вклучувајќи ги Словенија, Албанија, Литванија, Авганистан, Гренада, Белизе, Сент Китс и Невис и Маурициус.
Се наведува дека овие земји се меѓу земјите од четврти степен во кои е забележана значајна преваленца на коронавирусот.
Според податоците на Министерството за здравство на Србија, од понеделник, уште 27 лица починале од коронавирус. Бројот на новозаразени продолжил да расте, а инфекцијата била потврдена во претходните 24 часа кај 6249 од 21163 тестирани лица.
Во предупредувањето на Стејт департментот, исто така, пишува дека вообичаеното насилство во Србија е поврзано со организираниот криминал и големите спортски настани.