САД ги укинуваат визите за Хрватска?

од Nikola Popovski
349 прегледи

САД можат да ги укинат визите за хрватските граѓани, според хрватските медиуми.

„Вечерњи лист“ и „Индекс.хр“ објавија дека последните визи за САД може да бидат издадени во септември.

Наведено е дека хрватското Министерство за надворешни работи испратило барање до државните службеници и луѓето од банкарскиот и деловниот сектор да поднесат барање за американска виза. Тие скоро сигурно ќе ја добијат и со тоа ќе помогнат да се намали стапката на одбивање под три проценти до крајот на септември, што е последниот услов што Хрватска мораше да го исполни, според хрватскиот весник.

Хрватска беше близу да го исполни тој услов, се потсетува понатаму, но целиот процес беше запрен поради пандемијата на коронавирус, така што условите за патување и виза за САД паднаа на минимум.

Слични содржини