САД го напуштија Советот за човекови права на Обединетите нации , објави АП. 

Државниот секретар Мајк Помпео и американскиот амбасадор во ОН Ники Хајли ја објавија одлуката на Белата куќа.

  47-члениот совет, со седиште во Женева e создаден во 2006 година, a во понеделникот отвори нова сесија со напад врз имиграциската политика на претседателот на САД Доналд Трамп.
 Се очекуваше повлекување од САД од Советот .
 Џон Болтон, Национален советник за национална безбедност на Трамп, се спротивстави на создавањето на телото кога тој беше амбасадор на САД во Обединетите нации во 2006 година.