Соединетите држави и Велика Британија извршија напади врз цели поврзани со Хутите во Јемен, потврдија официјални лица.
Ова се први такви напади врз позициите на Хутите, поддржани од Иран, откако групата почна да ги напаѓа меѓународните бродови кои пловат во Црвеното Море, пренесува „Ројтерс“.
Нападите на САД и Велика Британија врз Јемен беа насочени кон воените капацитети на Хутите и се обидоа да избегнат колатерална штета, а дејствијата на Хутите претставуваат закана за САД и за светот, изјавија американските власти.
Тие потврдија дека ударите биле извршени од авиони, бродови и подморници. За нападите биле користени ракетите Томахавк лансирани од бродови и борбени авиони.
Целите на Хутите вклучувале логистички центри, системи за противвоздушна одбрана и складишта за оружје.