Американскиот конзулат во Турција ги предупредил американските граѓани на зголемена опасносто во една истанбулска населба поради можни терористички напади.

Во соопштението издадено во петок вечер се наведува дека е зголемено присуството на турските сили за безбедност во една улица во населбата Мечидијекој, и дека конзулатот нема дополнителни информации за закани, но на американските граѓани во Истанбул им се советува да бидат претпазливи, јавува AP.
Турското министерство за надворешни работи пак во сабота издаде соопштение во кое се наведува дека „американските официјални лица го издале соопштението врз основа на вообичаени мерки за претпазливост на нашите безбедносни сили, а не поради конкретни разузнавачки податоци“.
Американската амбасада и конзулатите во турција оваа година издале најмалку 22 безбедносни предупредувања.