САД изведоа нов напад врз Хутите во Јемен

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Американските сили погодиле 14 проектили кои биле подготвени за лансирање во Јемен, соопшти американската војска, откако Вашингтон повторно ги назначи бунтовниците Хути поддржани од Иран како „терористички“ ентитет поради нивните напади врз трговски бродови.

Американските сили „погодија 14 проектили на Хутите поддржани од Иран, наполнети за да бидат истрелани од областите во Јемен контролирани од Хутите“, се вели во соопштението на Централната команда (CENTCOM).

„Овие проектили на шините за лансирање претставуваат непосредна закана за трговските и бродовите на американската морнарица во регионот и може да бидат истрелани во секое време, што ги натера американските сили да го искористат своето вродено право и обврска да се бранат“, соопшти CENTCOM.

Претходно во средата, САД објавија дека ги вратиле Хутите на листата на „терористички“ ентитети.

Од избувнувањето на војната во Газа меѓу Израел и Хамас, Хутите поддржани од Иран нападнаа најмалку 26 бродови.

Нападите ги принудија некои од најголемите светски компании да ги пренасочат своите бродови, сериозно нарушувајќи ја глобалната трговија.

Сообраќајот низ Црвеното Море, кој вообичаено го олеснува движењето на товар во вредност од три до девет милијарди долари секој ден, е намален за повеќе од 40 отсто од почетокот на нападите.

Американски и британски воени авиони, бродови и подморници извршија десетици воздушни напади врз Хутите, кои ги контролираат најнаселените делови на Јемен.

Слични содржини