Вашингтон потврди дека од 2 февруари САД почнуваат процедура за прекин  на Договорот  за искоренување на ракетите со среден и мал обем со Русија.

 

Информациите ги  шират руски медиуми и “Ројтерс”, кои се повикуваат на првиот заменик државен секретар на САД Андреа Томпсон , која е со ресор контрола на вооружувањето и меѓународната безбедност.

Според американскиот претставник, САД не гледаат дека Русија ги исполнува своите обврски според договорот.

Претходно денеска министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Москва е подготвена да работи за спасување на договорот и покрај проблемите и се надева дека Вашингтон ќе пристапи одговорно при исполнувањето на договорите за контрола на оружјето.

Вчера Томпсон одржа двочасовни разговори со заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рибков, во Женева. Таа рече дека САД се “разочарани” од разговорите со Русија.

  На 20 октомври, американскиот лидер Доналд Трамп објави дека САД планираат да го напуштат договорот . Тој ја обвини Русија дека не ги исполнила условите на договорот.

Од 2014 година САД ја обвинуваат Русија за кршење на договорот со новата ракета 9M729 (или SSC-8). Тестовите на ракетата 9М729 која може да носи нуклеарна и конвенционална боева глава, се завршени во 2015 година На почетокот при тестот на ракетата е користена стационарна лансирни летала со дострел од 500 километри, што е дозволено од договорот, ако ракетата е со морска и од воздух. Потоа ракетата е тестирана со мобилна лансирни летала во рамките на 500 километри.

Договорот за искоренување на ракетите со среден дострел е потпишан во 1987 година од страна на претседателот на САД Роналд Реган и последниот советски лидер Михаил Горбачов. Договорот од 1987 година го ограничува производството, употребата и складирањето на балистички проектили со копнено базирана со среден (од 1000 до 5500 километри) и мал опсег (од 500 до 1.000 километри).