154
Соединетите Американски Држави ја поздравија одлуката на Европската унија да ги отвори преговорите за членство со Украина и Молдавија, објави Стејт департментот, пренесува Хина повикувајќи се на „Ројтерс“.
Тие, исто така, ја поздравија одлуката на ЕУ да ѝ додели на Грузија кандидатски статус за членство во ЕУ и да ги отвори преговорите за членство со Босна и Херцеговина, се вели во соопштението.
„САД продолжуваат силно да го поддржуваат процесот на проширување на ЕУ и со нетрпение очекуваме да ги поддржиме земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ додека тие продолжуваат со клучните реформи на патот кон членство во ЕУ“, соопшти Стејт департментот.