САД ја поздравија одлуката на Собранието: Го препознаваме тешкиот компромис

од Stefanija Kuzmanovska

Соединетите Американски Држави ја поздравуваат одлуката на Собранието на С. Македонија да ги преземе следните чекори на пристапниот пат на земјата во ЕУ, стои во реакцијата на Стејт Департментот.

„Го препознаваме тешкиот компромис, кој го признава и почитува културниот идентитет на С. Македонија и македонскиот јазик. Оваа одлука доаѓа во критичен момент за С. Македонија, Западен Балкан и Европа.

Европската унија, која го вклучува целиот Западен Балкан, вклучително и Албанија и Северна Македонија, ќе биде посилна и попросперитетна.

Сега е време да се изгради моментум и да се работи на следните чекори“, додаваат оттаму.

Слични содржини