САД ја предупредуваат Турција на можни санкции поради Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Американската администрација упати предупредувања до Турција за воведување санкции во случај земјата да ѝ помогне на Русија во заобиколувањето на ограничувањата наметнати од Западот, пишува американскиот весник WSJ.

Во написот се нагласува дека турските компании помагаат во извозот на руска нафта, им дозволуваат на руските бродови да влезат во пристаништата во земјата со оружје и генерално му помагаат на Кремљ да ја набави западната електроника, неопходна за да ја продолжи војната против Украина.

Според WSJ, еден од тие „помошници“ на Москва е турската компанија Бекс Шип Менаџмент, која извезува руска нафта, која во 2021 година купила 37 бродови, од кои повеќето стари танкери за нафта.

Западен дипломат, кој побарал да не биде именуван, изјавил за весникот дека САД веќе се во постојан дијалог со турската влада поради таквите извештаи. Според него, Западот сега се надева дека ќе го избегне сценариото со санкции за турските компании.

„Ние работиме и со владата и со приватниот сектор за да ги освестиме за многу реалните ризици“, нагласи дипломатот.

Весникот прецизира дека за време на војната, Русија го зголемила својот удел на најголемите пазари на нафта во светот. Поточно, земјата накратко ја престигна Саудиска Арабија како најголем снабдувач на нафта во Кина во април. Аналитичарите предвидуваат дека слично сценарио може да се повтори во наредните месеци.

Слични содржини