САД ќе преземат мерки против „Вагнер“ за неговите активности во Африка

од Vladimir Zorba
289 прегледи

Соединетите Американски Држави „многу наскоро“ ќе објават активности за да ја повикаат на одговорност паравоената група „Вагнер“, соопшти денеска Стејт департментот.

Според извештаите, акциите се однесуваат на активностите на руската паравоена формација во Африка и нема да бидат поврзани со неуспешниот бунт во Русија за време на викендот, пренесува Ројтерс.

Говорејќи на прес-конференција, портпаролот на Стејт департментот Мет Милер не прецизираше за какви активности станува збор, но рече дека ќе бидат објавени оваа недела.

Слични содржини