САД го поддржуваат отворањето на преговорите меѓу С. Македонија и Албанија со Европската унија без одложување, објави портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс, пренесува агенцијата Бета.
„Ние го поддржуваме отворањето на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ без одлагање“, објави Прајс на официјалниот Твитер профил на портпаролот.
„Ние сме посветени на највисоките нивоа на влада да ја демонстрираме нашата посветеност кон овие аспиранти на европскиот пат“, додаде тој.
We support the opening of EU accession negotiations with North Macedonia and Albania without delay. We are engaging at the highest levels of government to demonstrate our commitment to the aspirants' European paths.
— Ned Price (@StateDeptSpox) June 10, 2021
Синоќа, пред работната вечера со премиерот Зоран Заев, во Париз, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е време Скопје да ги започне преговорите со ЕУ.
„Време е да ја конкретизираме одлуката што ја донесовме. Тука сум и за да се пронајде решение со Бугарија“, му рече францускиот претседател на македонскиот премиер.
Почетокот на преговорите меѓу С. Македонија и ЕУ беше блокиран од Бугарија во декември минатата година, а една година претходно тоа го направи Франција.