Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека информацијата за почетокот на руската инвазија како држава членка на НАТО сме ја добиле од американска страна.
-Јас и тогаш премиерот Заев бевме информирани на 5-ти ноември и во ист момент ја споделивме информацијата со службите под нас Армијата и Агенцијата за разузнавање, а премиерот Заев ја сподели со АНБ и ЦУК. Наредниот месец европските сервиси немаа верба дека е баш така и толку прецизно и бараа да се дополни информацијата. Некаде крајот на декември на ниво на цела ЕУ и НАТО беше потврдено дека е така и почнаа подготовките без да се паничи населението. Внатре се направи апдејт на сите планови во Армијата и мобилизацијата на ресурси на Агенцијата за разузнавање беа насочени кон Истокот за од таму да разбереме повеќе. Претходно до зрно имавме обезбедени се што треба да имаме според законот, рече Пендаровски во емисијата „Топ тема“.
Претседателот додаде со тоа се гледа придобивките од членството во НАТО.
-Без НАТО немаше да го добиеме овој податок, самостојно не би го добиле никогаш. Ако не дај боже затреба повторно, ќе работиме заедно со останатите 29 членки и ќе имаме информации, потенцира Пендаровски.