САД на европските партнери им го продаваат оружјето за Украина 10% поскапо

Како и да е, САД ќе имаат корист и ќе си ги вратат парите дадени на Украина, рече министерот за финансии.

од desk2
27 прегледи

САД на европските земји им го продаваат оружјето 10% поскапо, а потоа тие го даваат на Украина, рече министерот за финансии на САД, Скот Бесент, одговарајќи на прашање на телевизијата Фокс Нуз дали САД имаат трошоци за „покривање“ на воздушниот простор на Украина, во рамките на гаранциите за безбедност.

„Тие 10% ќе ги покријат трошоците за воздушното „покривање“, рече Бесент.

Тој додаде дека за САД да си ги вратат парите дадени како помош на Украина за време на војната, војната треба да прекине. Како и да е, САД ќе имаат корист и ќе си ги вратат парите дадени на Украина, рече министерот за финансии.

„Ние создадовме економско партнерство, кое штом ќе заврши конфликтот, ќе донесе значителна корист за американските државни обврзници. Ние ќе можеме да ги вратиме тие пари. Ако Украина постигне успех, ќе спечалиме и ние“, рече Бесент.

Слични содржини