САД се подготвувале за можни руски нуклеарни напади врз Украина

од Vladimir Zorba
309 прегледи

На крајот на 2022 година, САД почнале „ригорозно да се подготвуваат“ за настанот кога Русија ќе изврши нуклеарни напади врз Украина, што ќе биде прв воен нуклеарен напад од американското бомбардирање на Хирошима и Нагасаки пред речиси осумдесет години, соопштиледвајца неименувани високи Претставници на американската администрација за Си-Ен-Ен.

Тие официјални лица рекле дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден е особено загрижена дека Русија може да употреби тактичко или нуклеарно оружје на бојното поле.

„Наше право е да се подготвиме ригорозно и да направиме се што можеме за да го избегнеме тоа“, изјавиле официјалните лица за Си-Ен-Ен.

Слични содржини