14 години бев амбасадор на републиканците и 16 на демократите , и знам дека има постојаност на американската надворешна политика
Во исчекување на последните резултати од неизвесната трка за претседател на САД во која победува Доналд Трамп, во хотелот „Александар Палас“ се обрати амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли кој рече дека бирањето претседател е сериозна работа која влијае на економијата, здравствениот систем, образовниот систем, емиграцијата и надворешната политика.
– Сите читавме дека ова беа највалканите и најнеизвесните избори до сега, но не сум баш сигурен во тоа. И до сега сме имале неизвесни трки. Никогаш не било полесно од сега да се биде информиран гласач. И со сите овие информации има негативна страна, се шират многу шпекулации. Американските граѓани сакаат свет на мир и можности, затоа после изборниот период е време да се собереме, време да ги тргнеме чуствата на страна и време на патриотизам. Сега треба да се фокусираме на формирање на нова администрација – рече Бејли.
Тој додаде дека САД се партнери на Македонија 25 година и Македонија добила поддршка низ четири различни администрации на САД. Промените нема да се случат веднаш, ниту пак нашите партнерства ќе се променат. Поддршката на САД кон Македонија останува иста и нема да се промени, изјави утрово американскиот амбасадор Џес Бејли во Скопје
– Иднината е слична на луѓето во Македонија и на луѓето во САД, сите сакаме мир и просперитет во светот и решавање на проблемите кои сите ги имаме. Ќе се согласиме дека целите ни се исти. Сега следи период кога треба да седнеме во рамките на Конгресот и Сенатот да најдеме решение. Мојот тим ќе се врати назад во амбадасата да размисли која ќе биде политиката на САД кон Македонија – рече тој, истакнувајќи дека 16 години служел за републиканците, а 14 години за демократите и при тоа може да посведочи за предизвиците со кои се соочувал.Тој ги поздрави сите кои се осмелија да се кандидараат на изборите во земјава.
– Ги поздравувам моите граѓани кои покажаа како треба да функционира демократско општество. Иако се уште очекуваме резултати ќе треба да го прославиме она што го имаме – додаде Бејли, кој нагласи дека изборниот ден е ден за славење.