Сакам на изборот на судија во европскиот Суд за човекови права да погледнам и поинаку: Немам илузии дека е и одработено и излобирано од фирмата за која слушам дека ДПМНЕ ја има ангажирано во Брисел. Фер!
Тоа е политика.

Од друга страна, и ова некако наликува на трчањето по фотка низ Вашингтон. Потег смислен за да се остане со празни раце. Празнотијата на патувањето заврши повеќе работа против Груевски од што и самиот тој можел да замисли.
Без илузии сум дека тоа ќе реши се, но е “една нога внатре”. Особено битно кога судбината на СЈО е сосема неизвесна.
И зависи – од кого? – од Уставниот Суд! Во исто време, Наташа Габер-Дамјановска останува во Уставниот суд како глас на разумот и знаењето што и те како е потребен во периодот што следи. Ја почитувам судија Габер-Дамјановска и лично ја ценам, и нека не ми биде замерено, но оваа вест некако со задоволство ја примив знаејќи дека останува еден од малкуте разумни гласови во Уставниот суд (го пишувам ова, но во истовреме не знам до кога трае нејзиниот мандат!?).
Good job ДПМНЕ! Ова супер го одработивте! И уште нешто за крај – бродот тоне! А глувците бегаат, бегаат
Елеонора Каранфиловска Ретклиф
Фејсбук статус