На вториот ден од Бледскиот Стратешки Форум, министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на панелот насловен „Западен Балкан – европеизација, демократизација, споделена одговорност” на кој се осврна на нужноста од забрзана европска интеграција на Северна Македонија и регионот, како заедничка стратешка определба, говор кој беше означен како еден од најдобрите
Министерот зборуваше за значењето на Европската Унија и нејзините вредности за регионот, но и за важноста од уважување и конкретно вреднување на очигледните резултати и постигнувања, уште во претстојните месеци. Истакна дека оваа прилика не смее да се пропушти и дека е вистинско време за критичен исчекор. Алудираше дека времето истекува и во овој контекст сугерираше дека покрај зборови, неминовни се и дела.
„После десет, повторувам десет препораки на Европската комисија дека сме подготвени да почнеме преговори за членство, со решение на нерешливото прашање поради кое изгубивме цела генерација, постигнувајќи европски компромис, ЕУ треба конечно да донесе позитивна одлука”, му порача на Брисел министерот Димитров.
Слушнете го интегралното обраќање:
Интегрално излагање од учеството на панелот насловен „Западен Балкан – европеизација, демократизација, споделена одговорност” во Блед:
Публикувахте от Никола Димитров – Nikola Dimitrov в Сряда, 4 септември 2019 г.